Индонезија: Селото во кое од птичји грип умреле седум лица, е ставено во карантин

Жителите во индонезиското село во кое неодамна од птичји грип умреле седум лица се ставени во карантин, јавуваат агенциите. Оваа мерка е преземена од Светската здравствена организација со цел да ги истражи страхувањата дека станува збор за прв случај на пренесување на оваа болест од човек на човек.