Скопје: Евакуирани учениците од Ѓорѓи Димитров поради анонимна закана за подметната бомба

Учениците и професорите во гиманзијата Ѓорѓи Димитров во Скопје претпладнето беа евакуирани по анонимна закана за подметната бомба. Полицијата утврди дека станува збор за лажна пријава. Во гимназијата за вечер бил предвиден класен час на генерацијата која одбележува 25 години од матурата, а на кој бил поканет и претседателот Бранко Црвенковски како дел од таа генерација матуранти на Ѓорѓи Димитров.