Две од трите бунтовнички фракции во суданскиот регион Дарфур го отфрлија мировниот договор, со што шансите за окончување на три-годишните насилства во тој регион се сведени на минимум. Сепак, преговорите во нигерискиот главен град Абуџа, со подршка на Африканската Унија и Западот, продолжуваат и денеска.