Солун: Самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

На денешниот самит на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун македонскиот претседател Бранко Црвенковски во своето обраќање до учесниците изрази увереност дека идната на земјите од регионот зависи од искрената посветеност на европските вредности и идеи. ,,Скептицизмот во однос на проширувањето на Унијата во одредени земји членки на смее да го блокира најуспешниот проект: Обединета Европа,, изјави Црвенковски. На состанокот во Солун беше усвоена декларација во која се изразува волјата на земјите во регионот за продлабочување на соработката.