Лидерите од земјите во балтичкиот, црноморскиот и кавкаскиот регион денеска во литванскиот главен град Вилнус одржуваат состанок под мотото: Заедничка визија за заедничко соседство. На самитот учествува и американскиот потпретседател Дик Чејни кој во обраќањето ја обвини Русија за непочитување на човековите права и ја повика Москва да не ги користи енергентите како средство за уценување. Чејни од Вилнус треба да замине во посета на Казахстан. Турнејата ја завршува со дводневне престој во Дубровник каде што ќе има средба со премиерите на Хрватска, Македонија и Албанија.