Париз: Состанок на постојаните земји членки на Советот за безбедност за Иран

Дипломати од петте постојани членки на Советот за безбедност, плус Германија, денеска во Париз ќе расправаат за иранската нуклеарна програма и за можните наредни чекори на меѓународната заедница. Инаку, иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави дека Русија и Кина официјално го известиле Техеран дека нема да подржат санкции или воена акција против Иран, јавија иранските медиуми.