Софија: Потпишан договорот за распоредување на американски сили во Бугарија

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во Софија го потпиша договорот со кој се дозволува распоредување американски сили во Бугарија. Договорот е со важност од десет години и со него се предвидува во Бугарија да бидат разместени околу две и пол илјади американски војници. Сличен договор Соединетите Држави имаат потпишано и со Романија. Пентагон има намера во наредниве десет години да распореди над шеесет илјади војници во земјите на источна Европа кои досега беа стационирани во Германија и Јужна Кореа.