Приштина: Границата меѓу Косово и Македонија нема да се менува, изјави Агим Чеку

Косовскиот премиер Агим Чеку во интервју за Фајненшал Тајмс изјави дека постојната граница меѓу Македонија и Косово нема да се менува откако ќе биде решен конечниот статус на покраината. Граничната линија договорена меѓу Македонија и Србија во две илјади и првата година ќе биде почитувана и таа нема да се менува. Ова за нас е техничко, а не политичко прашање и тоа не е извор за политичка дестабилизација,, го цитира Фајненшал Тајмс Агим Чеку. Деновиве тој во пограничното село Дебелде изјави дека за границата со Македонија треба повторно да се преговара.