На руско – германскиот бизнис форум во Томск, рускиот претседател Владимир Путин ги повика германските компании да инвестираат во Сибир. Путин исто така рече дека Русија е подготвена целосно да го врати долгот кон Парискиот клуб на доверители. На форумот во Томск присуствува и германскиот канцелар Ангела Меркел која со Путин ќе потпишат низа билатерални договори.