Во Украина денеска се одбележува 20 годишнината од Чернобилската нуклеарна катастрофа. Во Киев точно во 1 часот и 23 минути одекнаа црковните камбани, а стотици граѓани, меѓу кои и претседателот Виктор Јушченко, се собраа на помен во црквите. Рускиот претседател Владимир Путин вчера им врачи државни награди на работниците кои учествувале во санирањето на последиците од хаваријата.