Здружената опозиција во Непал ги откажа за денеска најавените протести откако кралот Гјанендра дозволи повторно свикување на парламентот што тој го имаше распуштено во минатата година. На ваквата негова одлука и претходеа дваесет дневни демонстрации по улиците на главниот град Катманду. Здрушената опозиција е составена од седум партии и сега, како што е најавено, и следува тешка работа за убедување на Маоистичките бунтовници да се вклучат во политичкиот живот на земјата. Маоистите кои ја имаат контролата врз внтарешноста на земјата веднаш оценија дека синоќешната објава на кралот претставува измама.