Шенон: ОН мора да преземе поцврста акција против Иран, изјави Кондолиза Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека кредибилиетот на Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе биде доведен под прашалник доколку не преземе поцврста акција против Иран поради неговата нуклеарна програма. Рајс ова го изјави синоќа во Шенон, Ирска, а пред нејзините посети на Грција, Турција и Бугарија. На дваесет и осми овој месец истекува ултиматот на Советот за безбедност за прекин на иранскиот процес за збогатување на ураниумот. Главниот ирански преговарач за нуклеарната програма Али Лариџани денеска најави дека во случај на санкции Техеран ќе ја суспендира соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија.