Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Непал кои ги продолжија протестите и покрај кралското ветување за обнова на демократијата затоа што опозициските партии го одбија кралот Гијанендра кој побара да предложат премиер. Некои лидери сметаат дека тоа е недоволно и оти треба неговите овластувања да се лимитираат со нов устав. Агенциите јавуваат за повредени лица и според сведоци, и за наводна употреба на гумени куршуми, но и обична муниција. Во главниот град Катманду е воведен полициски час. Досега, најмалку 12 лица загинаа во дво неделните протести против владеењето на непалскиот крал.