Цената на нафтата на светските берзи постигнува нови рекорди. На лондонската берза барел нафта денеска се продава за 74 долари. Аналитичарите оценуваат дека една од главните причини за порастот на цената на нафтата е страхувањето дека ираскиот спор околу нуклеарната програма со Западот, би можел да доведе до прекин на снабдувањето.