Вашингтон: Оставки во Белата куќа

Портпаролот на Белата Куќа Скот Мекклилан и политичкиот советник на американскиот претседател Џорџ Буш, Карл Ров си поднесоа оставки. Ров сепак ќе остане во Белата Куќа. Овие кадровски промени се дел од напорите на новиот шеф на персоналот во Белата Куќа, Џош Болтен, да го подобри слабиот рејтинг на претседателот Буш пред есенските избори за Конгресот.