Германија изрази подготвеност за отворање на досега строго затворените нацистиски документи од концентрациониот логор во градот Бад Аролсен. Отворањето на архивата претходно треба да биде дозволено и од десет други земји од каде што потекнувале затворениците во тој логор.