Шри Ланка: Најмалку седуммина загинати во експлозии на мини

Најмалку 7 лица загинале, од кои 4-ца војници, при експлозии на мини во северниот дел на Шри Ланка. Се верува дека нападот го извршиле бунтовничките Тамилски Тигри, кои соопштија дека нема да учествуваат на мировните преговори во Женева, закажани за крајот на овој месец.