Најмалку тројца ирачки војници биле убиени во денешната експлозија на бомба во близина на Багдад. Во меѓувреме, американската команда соопшти дека во борбите со бунтовниците во ирачката провинција Анбар загинале двајца американски војници, додека дваесетина други биле повредени.