Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс повторно го повика Советот за Безбедност на Обединетите Нации за поостра акција против Иран поради непочитувањето на барањата на меѓународната заедница за запирање на нуклеарните активности. Рајс оцени дека треба да се разгледаат сите опции, вклучувајки и санкции против Иран, како и евентуалната употреба на сила.