Во Британија стапи во сила новиот закон против тероризмот. Со него, меѓу другото, се дозволува осомничените за тероризам да бидат задржани во притвор над дваесет и осум дена и без формално обвинување. Исто така, се забранува, како што се наведува, секаква глорификација на тероризмот во земјата.