Русија денеска го повика Иран да ги прекине сите активности за збогатување на ураниумот. Тоа, според руското министерство за надворешни работи, претставува чекор во погрешен правец и е во спротивност со одлуките на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Обединетите Нации. Ваквиот повик на Москва веднаш беше отфрлен од Техеран со образложение дека веќе никој не може да ја прекине иранската нуклеарна програма.