Најмалку 57 пакистанци загинале во вчерашните самоубиствени напади на еден муслимански собир во Карачи. Полицијата смета дека нападот бил извршен од двајца бомбаши самоубијци. Пакистанскиот претседател Мушараф го осуди нападот и нареди засилено обезбедување на шиитските и сунистките џамии.