Според прелиминарните резултати од парламентарните избори во Италија, централно – левичарската коалиција на Романо Проди ќе ја има контролата врз долниот дом со освоени 49,8 насто од гласовите, додека централно-десничарската коалиција на Силвио Берлускони освоила 49,7 насто. Во горниот дом – Сенатот, коалицијата на Берлускони освоила едно место повеќе, но не се пребројани гласовите на италијанците кои живеат во други земји. Проди денеска објави победа на изборите, додека од партијата на Берлускони најавија ново пребројување на гласовите.