Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска ќе се состане со лидерите на партиите кои влегоа во парламентот. Изборната комисија вчера ги соопшти конечните резулати од парламентарните избори, одржани на 26-ти март, според кои, победник е про-руската Партија на регионите, на чело со Виктор Јанукович. Но, партиите од Портокаловата коалиција преговараат за формирање на новата влада.