Агенцијата на Европската Унија за борба против расизмот соопшти дека ромите во Европа продолжуваат да се соочуваат со дискриминација, особено во потрагата по работа и во нивното право за образование и здарвствена заштита. Во Европа живеат над шест милиони роми кои често, како што се наведува, се жртви на насилство. Извештајот е објавен по повод утрешниот Меѓународен ден на Ромите.