Доколку не зборувате холандски и доколку и самата помисла на нудистички плажи и хомосексуални бракови ви е непријатна, тогаш Холандија не е земја за вас. Ова е пораката од холандските власти кои ги усвоија најрестриктивните имиграциони мерки во Европа. Уште неколку европски земји најавија дека ќе го следат холандскиот пример.
Холандскиот министер за имиграција Рита Вердонк вели дека околу шестотини илјади жители на таа земја не зборуваат добро холандски и оти тие се главно невработени. Таа додава дека Холандија веќе не може да си дозволи нови имигранти кои не сакаат да се интегрираат во општеството. Затоа Вердонк е за новиот рестриктивен визен систем. Според него, потенцијалните имигранти ќе мораат да полагаат таканаречен граѓански интеграциски тест кој всушност претставува мерка за тоа дали критериуми се совпаѓаат со холандските либерални вредности. Во тестот се вклучени и филмови со хомосексуални парови и со нудистички плажи, со што сака да се нагласи дека тоа е вообичаен дел од животот во Холандија. Кандидатите ќе мора и да полгаат испит по холандски јазик. Сепак нејмногу контроверзи предизвика емитувањето на филмовите. Противниците на законот сметаат дека со тоа се имало намера да се намали бројот на апликанти од муслиманската вера. Владата го негира тоа, но критичарите велат дека повеќето од невработените имигранти во Холандија се муслимани, пред се од Турција и од Мароко. Со години, холандското општество беше познато сп промовирањето мултикултура и толерантност спрема туѓите јазици и обичаи. Но, во последно време тоа почна да се менува. Особено откако пред две години еден холанѓанец со марконско потекло го уби познатиот холандски режисер Тео Ван Гог, голем критичар на тоа како се третира жената во исламот. Новиот имиграциски тест, според Кес Гронендијк, директор на Центарот за имиграциско законодавство, е да ги спречи турците и мароканците кои веќе живеат во Холандија да увезуваат сопруги од нивните татковини.
„Тестот за интеграција во парламентарната расправа се оправдуваше со настојувањето младите холанѓани од од турско и мароканско потекло да бараат сопруги во самата Холандија, а не во земјите на нивните предци.“
Противниците на законот велат дека тестот кој чини околу триста и пеесет евра е многу скап и оти е тешко да се најде соодветен курс за холандски јазик во странство. Истовремено за граѓаните од богатите земји како Канада, Соединетите Држави, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија овој закон не важи. Затоа Гронендијк смета дека целта на законот е спречување во земјата да влегуваат сиромашни, а не мсулимани.
„Според мое гледање, овој имиграционен тест не само што е во спротивност со новата уредба на Европската Унија за правото на семејствата на обединување, туку е дискриминаторски, бидејќи не важи за богатите земји.“
Како и да е, ограничувања за имигрантите деновиве најави и Британија. Во најновиот извештај на Обединетите Нации се наведува дека седумдесет и пет насто од порастот на населението во развиениот Запад е поради доаѓањето на имигрантите. Доколку во меѓувреме, продолжи нискиот наталитет тогаш, како што се додава, прирастот на населението на Западот ќе зависи само од имигрантите. Значи ако Европа, Северна Америка и Јапонија сакаат да избегнат економска криза ќе мора да го потикнат имиграцискиот процес. Но, многумина во Европа велат дека се чувствуваат загрозени од тоа затоа бараат затворање на вратата.