Владата на Венецуела денеска ја презела контролата врз нафтените полиња кои досега беа користени од две странски компании: француската Тотал и италијанската Ени. До овој потег дојде откако компаниите го отфрлиле барањето на властите да го предадат поголемиот дел од полињата на државата. Фирмата ЕНИ оцени дека ваквото преземање било незаконско.