Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и нејзиниот британски колега Џек Строу на денешната прес конференција во Багдад повикаа на окончување на политичкиот вакум во Ирак и побараа брзо формирање влада на национално единство. Двајцата дипломати кои ненадејно вчера допатуваа во Багдад разговараа со ирачкиот претседател Џалал Талабани, како и со сунитските и шиитеските лидери во земјата.