Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во ненајавена посета на Багдад изјави дека потребата од формирање нова влада во Ирак е многу јасна. Средбите со претседателот Џелал Талибани, премиерот Ибрахим ал Јафари и други водечки претствници во Ирак, се совпаѓаат со засилениот притисок врз ирачкиот премиер да се откаже од кандидатурата за уште еден мандат, за да се продолжат преговорите со Шиитите, суните и Курдите за формирање влада.