Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја пофали опозицијата во Белорусија, изразувајќи уверување дека претседателот Александар Лукашенко бил изненаден од силата на оние што не го поддржуваат. Говорејќи пред сенатскиот комитет за надворешни работи Рајс рече дека во Белорусија владее последниот диктатор во Европа.