Њујорк: Советот за безбедност на ОН блиску до договор за иранската нуклеарна програма

Петте постајни членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации се блиску до постигнување договор околу иранската нуклеарна програма. ,,Успеавме да дојдеме до прифатлив текст“ изјави американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон, прецизирајќи дека на преостанатите десет членки на Советот веќе им била поделена новата верзија. Во неа се предвидува директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед ел Барадеи по триесетина дена од усвојувањето на документот да поднесе нов извештај за соработката на Иран со оваа агенција.