Кабул: Ослободен Абдул Рахман

Авганистанецот Абдул Рахман кој конвертира од исламот во христијанството е ослободен од затворот Кабул. Религиозните конзервативци бараа смртна казна за Рахмам според исламскиот закон. Претходно Стејт Департментот соопшти дека верува оти Абдул Рахма ќе биде ослободен и оти ќе му биде овозможено да бара азил надвор од Авганистан.