Десетици илјади луѓе протестираа во неколку американски градови поради најавениот нов закон со кој илегалните имигранти во Соединетите Држави би се третирале како криминалци. Имено, според сегашниот закон, имигрантите одговараат прекршочно. Се проценува дека во Соединетите Држави има околу дванаесет милиони илегални имигранти.