Киев: Опозицијата предводена од Јанукович има предност пред утрешните парламентарни избори

Украинскиот опозиционен лидер Виктор Јанукович изјави дека дошло време за менување на владата во Киев. Тој ова го рече на синоќешниот митинг пред утрешните парламентарни избори во Украина. Партијата на Јанукович, која е блиска со Москва, води на анкетите, пред блокот на актуелниот претседател Виктор Јушченко кој ги предупреди гласачите дека се соочуваат со избор меѓу минатото и сегашноста.