Минск: Опозицијата бара продолжување на протестите против Лукашенко

И покрај забраната од властите, опозицијата во Белорусија побара од нејзините приврзаници да се соберат денеска во Минск на протести против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Белоруската полиција вчера го растури протестниот камп на Октомврискиот плоштад во Минск и приведе над двесте луѓе. Соединетите Држави и Европската Унија го осудија ваквото однесување на полицијата и најавија економски санкции против Белорусија. Официјална Москва пак, оцени дека полициската акција биле ограничена.