Виена: Австрија повика на ослободување на уапсените демонстранти во Белорусија

Австрија, како претседавач со Европската Унија, ги повика властите во Белорусија да ги ослободат сите притворени демонстранти и да ја почитуваат слободата на изразување. ОБСЕ исто така повика на ослободување на приврзаниците на опозицијата, а американскиот Стејт Департмент ги осуди мерките на белоруските власти против правото на граѓаните на мирни протести.