Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во Брисел се состана со неговиот грчки колега Константин Караманлис. Како што јавува МИА, главни теми биле интензивирањето на економската соработка, сезонските работници и двојното оданочување. Бучковски изјавил дека со Караманлис имале џентлменски договор, во изборна година да не се разговара за спорот со името Македонија.