Европската Унија се соочува со една миграциска дилема. Поради слабиот наталитет, и е потребна нова работна сила, но како тоа да се контролира. Едно решение нуди Британија која воведува таканаречен бодовен визен систем. Според некои, тоа би можело да биде модел и за Европската Унија.
Новиот британски систем ќе ги сортира апликантите за работна виза во пет групи и тоа според едноставен бодовен систем. Вискообразованите кандидати, како докторите, научниците и другите врвни професионалци би добивале дополнителни поени врз основа на нивните универзитетски дипломи и другите квалификации. Бодови ќе се заработуваат и според тоа колкава е нивната плата дома и колку години имаат. Од оваа група ќе имаат право во Британија да го доведат и своето потесно семејство, а за постојан престој би можеле да аплицираат по две години. Во втората група спаѓаат квалификувани работници како на пример медицинските сестри. И тие можат да ги доведат семејствата, но за постојан престој не треба да размислуваат барем пет години. Следува групата на нискоквалификувани работници во специфични дејсности, како земјоделството. Тие немаат можност за постојан престој и се обврзани да имаат повратен билет за земјата од каде што доаѓаат. На тоа не ќе можат да сметаат ни студентите. Во последната група се музичарите и девојките за чување деца кои во Британија можат да остануваат само колку што им трае договорот за работа. Повеќето експерти за мигарциски прашања го поздравија ваквиот нов упростен приод кој е лесно разбирлив и за станците и за британците. Јан де Вилде од Меѓународната организација за миграции во Лондон вели:
„Бодовниот систем е поефикасен начин да ја насочиме миграцијата според нашите потреби. Тој е подобар од стариот компликуван систем.“
Смета Вилде кој сепак наведува дека и новиот систем имаа недостатоци. Еден од нив, како што додава, е тоа што предност и се дава на неквалификуваната работна сила од земјите членки, на сметка на оние што не се од Европската Унија. Дали новиот британски систем би можело да стане модел и за другите земји од Унијата? Еве што за тоа вели британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк:
„Сметаме дека овој јасен начин на редуцирање на над осумдесет канали за миграција во оваа земја ќе биде од корист за сите во Европската Унија.“
Британскиот бодовен визен систем е единствен во Унијата, но не е ништо ново во таа област. Тој се базира врз искуствата на Австралија, Нов Зеланд и Канада. Слична визна политика има и Германија, но тоа не е класичен бодовен систем.