Белата Куќа соопшти дека не ги прифаќа резултатите од претседателските избори во Белорусија и повика на прегласување. Портпаролот на Белата Куќа Скот Мек Клин изјави дека Соединетите држави ќе разгледаат воведување евентуални санкции како на пример рестрикции во патувањата. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе ре-изборот на Александар Лукашенко. И останатите западни тела, вклучувајќи ги ОБСЕ, Европската Комисија и Советот на Европа оценија дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер. Во Минск синоќа протестираа околу 10 до 15 илјади приврзаници на опозицијата.