До сега во случај на злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања на политичките партии имаше само прекршочна казна, предвидена согласно со изборниот закон. Со новите законски решенија се предвидува – казнено дело и казна затвор од најмалку пет години. За правилата што треба да ги почитуваат политичките партии говори Загорка Кноковска од Министерството за правда:
„Почнувајќи од лимитот на средства што треба да ги потроши, а тоа е 60 денари по запишан избирач, притоа доставување на финансискиот извештај во одреден рок по завршувањето на изборите до државниот завод за ревизија. Исто така, елементите кои треба да ги содржи финансискиот извештај.“
Досегашните злоупотреби што се правени во текот на изборните кампањи се првиот елемент зошто е потребна висока затворска казна, посочува Габриела Коневска, претседател на Транспарентност Македонија, која додава:
„Вториот елемент зошто се одлучува на вакво нешто е елементот на препознатливост и упатување на позитивното законодавство на Република Македонија кон европската платформа, дека нема понатаму да се толерираат злоупотреби на средства преку финансирање на изборните кампањи. Затоа што знаете дека тој што е организатор на изборната кампања, со самото тоа што нема да назначи од каде ги добиле средствата, како располагаат, не се знае потеклото на имотот, доколку се пречекорува лимитот на корисењето или се оди спротивно на она што е предвидено во законот, едноставно не може да се спаси од словото на законот.“
По усвојувањето на новите правила треба да се стави акцент на доказните средства или како сето ова да се инструментализира:
„Треба да се следи патот на парите. Ако го немате тоа и се се прави во кеш, тогаш не може да докажете дека некој тоа го примил или го употребил, злоупотребл итн. Второ, замислете што ќе се случи со непаричните донации,“
изјави Коневска.