Специјалните единици на меѓународните сили на Косово денеска во Приштина отстраниле рачна бомба поставена во близина на седиштето на Демократската партија на Косово. Ова е втора бомба што во рок од дваесет и четири часа била откриена и со контролирана експлозија отсранета од центарот на Приштина. Во двата случаја немало повредни, ниту пак материјална штета.