Непотребни тензии

Партиите од албанскиот блок во земјава сметаат дека нема простор за тензии и според нив нема ништо заканувачки во изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафај, кој изјави дека во случај на поделба на Косово Албанија повеќе нема да дава гаранции не само за Косово туку и за албанскиот дел на Македонија, не претставува закана за државава и според нив нема простор за тензии. Лидерот на ДПА Арбен Џафери за Радио слободна Европа изјавува:

„Албанија постојано вели дека има сосема јасни и добри намери кон Македонија, а одеднаш сега се прави проблем и хистерија околку тоа.“

Со сличен став дека непотребно се создаваат тензии и во владеачката ДУИ. Но оттаму потенцираат дека евентуалната поделба на Косово, може да стави под знак прашање многу други договори на Балканот, вели потпретседелот на ДУИ Рафиз Алити вели:

„Тогаш веројатно ќе паднат во вода сите поранешни договори било тој во Дејтон, Рамбуе или Охридскиот договор, мислам дека ова и е јасно на меѓународната заедница и мислам дека и таа јасно стави до знаење дека нема да има менување на граници.“

И во ДПА и во ДУИ сметаат дека нема потреба од повторување на ставот дали албанските партии во земјава се за неменливост на границите на Македонија, тоа е кажано, а според нив очигледно станува збор за преголема сензибилност.

„Непотребно е некој да се произнесува, бидејќи албанците во Македонија ја градат својата иднина.“

„Јас сум помалку уморен од ваквиот начин на сензибилност.“


изјавуваат Алити и Џафери.

Според аналитичарите пак се додека не се реши конечниот статус на Косово, Македонија и воопшто регионот ќе бидат под постојани притисоци по прашањето за безбедноста и територијалниот интегритет, посебно што Македонија сеуште го нема решено прашањето за границата со Косово.

„Решението на статусот на Косово ќе значи поголема стабилност на Балканот, бидејќи ќе се реши едно крупно прашање.“

Пред крајот на минатата година македонскиот премиер Владо Бучковски побара од косовските институции да усвојат резолуција со што ќе ја отфрлат идејата за голема Албанија, што експресно беше отфрлено од страна на властите во Косово. Наместо со писмен декрет тој усно на последната средба со тогашниот косовски премиер Бајрам Косуми и малку подоцна со премиерот на Албанија Сали Бериша доби подршка за неменливост на границите во регионот во пресрет на решавањето на косовскосто прашање.