Во Багдад денеска започна конститутивната седница на ирачкиот парламент чиј состав беше одреден на парламентарните избори на 15 декември минатата година додека главните партии на шиитите, сунитите и курдите се уште не постигнаа договор за новата влада. Седницата се одржува во заштитената зелената зона во Багдад и почна со читање на куранот. Ирачката полиција во меѓувреме соопшти дека открила 25 тела во различни делови на Багдад за кои се смета дека се жртви на верските насилства.