Претставници на сите 15 членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, синоќа во Њујорк одржаа неформален состанок за иранската нуклеарна програма. Соединетите Држави, Франција и Велика Британија предлагаат заедничка изјава со која ќе се повика Иран да ги прекине нуклеарните активности и да се превземат мерки со кои ќе се спречи да произведе нуклеарно оружје. Русија и Кина се залагаат за нови преговори со Иран и се противат на можни санкции против Техеран.