Јужнокорејскиот премиер Ли Хае Чен понуди оставка на функцијата поради скандалот со партијата голф што тој ја играл во моментот кога земјата била блокирана од штрајкот на железничарите. Од кабинетот на шефот на државата е соопштено дека претседателот се уште немал донесено решение дали ќе ја прифати оставката на премиерот.