Лондон: Сведочење на авторот на Кодот на Да Винчи поради обвинение дека копирал други автори

Ден Браун авторот на бест-селерот Кодот на Давинчи денеска ќе сведочи пред судот во Лондон поради обвинение дека копирал од работата на други автори, односно дека ја украл идејата од историска книга од 1982 година. Двете книги ја истражуваат теоријата дека Исус Христос се оженил за Марија Магдалена и оти имал дете чија крвна линија опстанала до денешно време. Теолозите ја отфрлаат оваа теорија. Книгата Кодот на Давинчи се прададе во 40 милиони примероци и врз нејзина основа се снима филм.