Смрта на поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевик кој вчера почина во затворот во Хаг предизвика различни реакции. За разликата од поголемиот дел од светот кој изрази жалење зошто тој почина пред да му биде изречена конечната пресуда босанските Срби во неколку градови низ земјата му одадоа почит на Милошевиќ кој го сметаа за свој херој. Лидерот на екстремната француска десница Жан Мари Ле Пен го обвини судот за убиство на Милошевиќ. Претходно на прес конференцијата во Хаг главната Хашка обвинителка Карла Дел Понте рече дека не ја отфрла можноста Милошевик да извршил самоубиство, но додаде дека треба да се почекаат резулатите од аутопсијата која денеска на пладне ја започнаа тим холандски лекари во присутво на српски медициски експерти. Во меѓувреме некои агенции повикувајки се на извори во трибуналот јавија дека резулатите нема да бидат готови денeска.