За иднинатата на Македонија и нејзиното членство во евроатлантските интеграции клучно е какви избори ке се одржат, а многу важен е и интензитетот на реформите што се спроведуваат во другите области, како судство, борба против корупцијата и слично, изјави американската амбасадорка во НАТО, Викторија Њуланд која ја предводи делегацијата на претставници од повеке агенции на владата на Соединетите држави која освен во Македонија во рамки на турнејата низ земјите членки на Јадранската група ги посети и Хрватска и Албанија. Во нејзиното обракање во јавноста во организација на македонскиот Евроатлантски клуб насловено како Визијата на Соединетите држави за Алијансата во 21 век Њуланд истакна:
„ НАТО е нешто повеке од воена организација нејзинат, цел е и зајакнување на демократските принципи. За Македонија е многу важно да продолжи со развојот на мултиетничкото општество. Денеска нагласуваме владата, парламентот и водството да ја зајакнат имплементацијата на охридскиот рамковен договор, да се движат напред во реформите во судството борбата против корупцијата, да се зајакнат економските реформи, а најважно на краток рок е да се имаат најчисти, најфер, и слободни избори не што би ги имала македонија од досега одржаните, туку избори согласно сите мегународни стандарди. Ова е тешка работа, а и воопшто претстои многу тешка работа доколку сакате да се приклучите во НАТО, да ги реализирате вашите аспирации да бидете поканети за членство во НАТО во 2008. Ништо не е сигурно, но уверена сум дека ке го остварите тоа со многу работа,“
изјави Њуланд. На прашањето дали може да гарантира дека Македонија ќе добие покана за членство на самитот на Алијансата во 2008, Њуланд одговара
„Не, не можам. тоа зависи од Македонија и Македонците, тоа зависи од вас, потребно е уште да се работи, ние може да ви помогнеме, но само вие може да го сторите тоа.“