Албанија соопшти денеска за прв случај на смртоносниот вирус на птичјиот грип од типот H5N1, откриен кај домашна птица во јужниот дел на земјата. Присуството на високо патогениот вирус H5N1 во Албанија е потврдено од референтната лабораторија на Европската унија со седиште во Вејнбриџ, Велика Британија.