Министрите за одбрана на земјите членки на Европската Унија во Инсбрук, Австрија, одржуваат дводневен состанок на кој се расправа за испраќање воен контингент во Конго како превенција за време на престојните избори во таа земја. На состанокот ќе стане збор и за заедничкиот европски воен буџет.